Општина Карпош објави јавни огласи за финансиска поддршка на проекти од областа на образованието, културата, детската, социјална и здравствена заштита, како и поддршка на спортско – рекреативни проекти.
На огласите можат да се јават физички и правни лица, кои имаат за цел да придонесат во некоја од областите.
Локалната самоуправа се стреми да вклучи повеќе чинители, кои ќе работат со младите, со децата од основните училишта и градинки, на нивен развој, активност и градење на заедница која одговара на потребите на сите.
- Линк до ОГЛАС за финансиска поддршка на проекти од областа на образованието: https://bit.ly/2GYsKVI
- Линк до ОГЛАС за доделување на финансиска поддршка за проекти од културата: https://bit.ly/36VD3o1
- Линк до ОГЛАС за финансиска поддршка на проекти од областа на детската, социјалната и здравствената заштита: https://bit.ly/38cFh3K
- Линк до ОГЛАС за ОГЛАС за финансиска поддршка за спортско рекреативни проекти: https://bit.ly/2UsUPwy