Полициски синдикат: Денес ќе се исплати бонус плата во МВР

Сподели

 

Македонскиот полициски синдикат ги известува своите членови, вработени во Министерството за внатрешни работи, дека денес 12.02.2020 година на сметките на околу 5000 колеги кои ги исполнуваат условите за исплата на Бонус платата за 2019 година ќе им легнат средства во износ од околу 25,066.00 денари колку и што изнесува една просечна плата исплатена на ниво на Република Северна Македонија.

Како што ве информиравме и во изминатиот период, право за добивање Бонус плата во висина од една просечна плата на републиката согласно член 117став 4 од Законот за работни односи имат сите вработени во МВР кои работеле 150 часа подолго од полното работно време, а во текот на годината не отсуствувале од работа повеќе од 21 ден.

Истовремено како репрезентативен синдикат во рамките на МВР кој во изминатиот период преговараше со работодавецот да се започне со исплата на бонус плата, право кое е загарантирано со Законот за работни односи и Колективниот договор на МВР и, донесен и потпишан од МПС и МВР, сакаме да изразиме  голема благодарност до сите чинители во МВР и во МПС кои изминатиот период работеа на решавање на овој проблем и започнување на исплата, а посебна благодарност до г-дин Оливер Спасовски со кој како министер за внатрешни работи го постигнавме договорот.

Како Македонскиот полициски синдикат искрено веруваме и цврсто стоиме на ставот дека процесот за исплата на Бонус платата во иднина ќе продолжи како тековна активност, со планирање на финансиски средства во буџетот по овој основ, но и сите други права и основи кои како синдикат и работодавец сме ги предвиделе и нотирале во Колективниот договор на МВР. Процес кој ќе резултира на сведување до минимум покренувањето на судски постапки по овој основ што резултираат со испумпумпување на енормно голема сума на парични средства од буџетот на МВР од кој за жал најголемиот процент легнаа на сметките на адвокатите и извршители, народни пари кои се и тоа како неопходни за нормално функционирање на Министерството за внатрешни работи. Пресметките кажуваат дека со овие средствва зачително ќе се подобри статусот на вработените преку домаќинско работење и обезбедување на подобри услови за работа и матријално- технички средства за вработените.

Паралелно Ве известуваме дека како членка на Сојузот на синдикатите на Македонија, Македонскиот полициски синдикат активно е вклучен во рамките на активностите за изготвување на новиот Закон за работните односи  каде покрај другите предлози за унапредување на работното законодавство, а во насока на заштита на работничките права бараме  за ден на неделен одмор да се сметаат и  сабота и недела.

Во најскоро време очекуваме да Сојузот на синдикатите на Македонија како единствен репрезентативен синдикат на територија, во јавниот и приватниот сектор, да го потпишеОпштиот колективен договор за јавен сектор со што ќе се исполнат условите за конечна историска реализација на член 185 од КД на МВР каде ние како Македонски полициски синдикат сме се избориле за правото исплата на регрес на годишен одмор К-15, процес со кој би се исправила неправдата и би добиле рамноправен однос од страна на Владата односно Министерството во делот на почитување на одредбите на КД на МВР  – се наведува во соопштението на полицискиот синдикат.