Продукција Златен Заб Ви претставува:
БЕЗКОНЦЕПТУАЛЕН СТЕНД АП СО СЕМИР ГИЦИЌ и неговата гостинка: Ивана Наскова.
Во Среда (19.02.) во Тетово, НУЦК “Иљо Антески-Смок”, во Четврток (20.02.) во Гостивар, НУЦК “АСНОМ”, во Петок (21.02.) во Кичево, НУЦК “Кочо Рацин” и во Сабота (22.02.) во Струга, НУЦК “Браќа Миладиновци”. Настапите почнуваат во 20:00ч.
150 ден. е цена на билет кој може да го купите online на www.zlatenzab.mk или на билетара 1 час пред почетокот на настанот.
Резервации за билети на: 077 73 00 59
„Списокот на неподносливите сорти на луѓето“ е тема во неговата нова безконцептуална стенд-ап комедија.
Семир Гициќ, можеби, ни кажува дека само во лудилото постои систем, дека секој апсурд е пологичен од реалноста во која живееме, која се менува од час во час, многу ретко според правилата на здравиот разум. Кога човек ќе помисли дека нешто се завршило, дури тогаш започнува, кога верува дека разбрал, дури тогаш е измамен, по којзнае којпат.
Во неговите настапи нема вицеви, ефтини метафори, пеење, играње и друго трошење на време за бадијала.
Студирал Академија за театарски и филмски уметности, а дипломирал на Катедрата за глума.
Семир Гичиќ е автор на популарните комедии:
“Внимавај со кого спиеш” I и II дел,
“Чекајќи го министерот”, каде глуми заедно со Лидија Вукичевиќ.
“Имаме дојава”,
“Пинокио за возрасни”,
“КВДП”,
“Дежа Ву” и тн…
„Пазарски приказни“ е авторска ТВ серија на Семир Гичиќ, во која тој беше водител.
Ивана Наскова работи стенд ап веќе 5 години. Има успешни настапи низ цела Македонија и надвор од земјата. Хуморот на Ивана опфаќа шеги на сметка на машко-женски односи, бракот и врските. Едно секојдневие набљудувано од окото на Ивана. Ситуации и приказни во кои дефинитивно ќе се пронајдетете.
Настанот е поддржан од: ART THEATER HOTEL – STRUGA www.artstruga.com