Продолжуваат штрајковите и протестите во Франција

Сподели

Синдикатите и работничките организации бараат Владата да го повлче нацр-законот, во спротивно нема да се повлечат

thumbs_b_c_e3881b212879dd19052377ff06b4188b

ПАРИЗ (АА) – Како знак на протест во однос на новиот нацрт-закон за работни односи кој француската влада сака да го воведе, денес на повик на синдикатите во земјатa започнаа протестните маршеви, јавува Anadolu Agency (AA).

Според соопштението париските власти, пред започнувањето на протестите во Париз се притворени 18 лица.

Во утринските часови, протестантите кои дошле на плоштадот Бастилја, во знак на протест марширале околу пристаништето Арсенал и повторно се вратиле на појдовната точка.

Во рамки на преземените безбедносните мерки, беа затворени улиците кои водат кон плоштадот, и отстранети биле сите метални заштитници кои ги штитат дрвјата долж патеката по која се движеле протестантите.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека поради насилни активности, на околу 100 лица им било забрането учество во маршот, а за најавениот протестен марш биле ангажирани 2.000 полицајци.

Безбедносните сили вршеле пребарување на лицата пред метроата и улиците кои биле во близина на плоштадот. Министерот за внатрешни работи, Бернар Казенев, во своето писмено обраќање ги повика протестантите да се однесуваат одговорно, за да не се појават насилства за време на протестниот марш.

Членовите на синидикатите во знак на протест против новиот нацрт-закон се собраа и во француските градови Марсеј, Рен и Кан.

Организираните штрајкови влијаат на секојдневниот живот. Особено во градовите Дижон, Марсеј, Ремс нарушен е автобускиот сообраќај поради воведениот штрајк. Во воздушниот сообраќај штрајкуваат само вработените од “Air France”.

Во градовите Нант, Рен и Кемпер во некои училишта наставниците и вработените од кантините започнаа штрајк поради нацрт-законот за работни односи.

Нацрт-законот кој е во процедура на одобрување, предвидува дневното максимално работно време од 10 часа да се зголеми на 12, лицата кои ќе сакаат измени во договорите за работа може да бидат отпуштени од работа, на вработените кои работат половина работно време ќе им се намали вкупниот број на работни часови неделно кој досега изнесуваше 24 часа, прекувремената работа помалку ќе се плаќа.

Синдикатите и работничките организации бараат Владата да го повлче нацр-законот, во спротивно нема да се повлечат.

AA.COM.TR