Unioni i Nxënësve të Shkollave të Mesme – Сојуз на Средношколци на РСМ на својот фб профил под хаштазите #НемаСапун / #SkaSapun започнаа онлајн кампања преку која ги обележуваат училиштата кои немаат сапун во тоалетите.
„Можеме да се бориме против грипот и коронавирусот со сапун и вода, но #НемаСапун во Средното економско училиште „8-ми Септември“ во Тетово“, напиша на Твитер, активистката Рита Бехадини, една од иницијаторките на онлајн кампањата.
Исто така, на оваа иницијатива се приклучија и студенти кои алармираа за недостатокот на сапун на нивните факултети. Меѓу фотографиите посочени се тоалетите на Државниот универзитет во Тетово како и дел од факултетите на УКИМ.
Страната на Unioni i Nxënësve të Shkollave të Mesme – Сојуз на Средношколци на РСМ ја посетуваат 862 посетители.