Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за утре 25. февруари, повика на протест од кој, како што рече, ќе се побара одговорност од главата на октоподот. Како што најави Мицкоски, протестот ќе започне во 18 часот пред Обвинителството на кејот на реката Вардар и ќе продолжи до Врховниот суд
„Ги повикувам сите граѓани да ни се приклучат, од сите националности и убедувања. Ова не е протест само на ВМРО ДПМНЕ туку на сите граѓани кои знаат дека главната кочница е Заев. Протест на кој ќе порачаме дека одговорност мора да има за неправдите и дека Заев е виновен! Одговорност за главата на октоподот која не може да се сокрие“, рече Мицкоски.