Честитка по повод Денот на независноста на Босна и Херцеговина

Сподели

 

“Денот на независноста на Босна и Херцеговина” е резултат на желбата и одлучноста на граѓаните на Босна и Херцеговина на историскиот референдум да ја потврдат својата независност и опстојност. Во тие тешки времиња донесовте правилна одлука која сите нас не обврзува да ги почитуваме тие одлуки со кои Босна и Херцеговина денес и во иднина ќе продолжи да биде самостојна и суверена држава, држава во која рамноправно живеат Бошњаците, Србите, Хрватите и сите нејзини граѓани. Бошњаците од Република Северна Македонија и нивните соѓраѓани ја подржуваат Босна и Херцеговина и нејзините напори за полноправно членство во ЕУ и НАТО како единствен начин за градење на безбедна, стабилна и просперитетна држава. Бошњаците на Република Северна Македонија имаат значајна улога во таа подршка и се најсилната алка која ги поврзува двете држави.- изјави Потпретседателот на Собранието, Зеќир Рамчиловиќ.

 

“Во свое лично име и од името на Собранието на Република Северна Македонија со посебно задоволство на овој исклучително важен ден упатувам искрени честитки, желби и братски поздрави до сите граѓани на Босна и Херцеговина.

Република Северна Македонија и Босна и Херцеговина немаат отворени прашања и имаат одлични билатерални односи и соработка која ќе се унапредува и зацврстува во иднина. Соработка која е најдобар пример за целиот регион и која ќе се потврди со целосната интеграција на двете земји во ЕУ и НАТО.

Почитувани граѓани на Босна и Херцеговина, сите кои ја чувствувате за своја матица нека ви е среќен и вечен Денот на независноста” -упати честитка, Зеќир Рамчиловиќ.