Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган објасни дека во ЕУ, како што рече, со години ја замајуваа Турција и нејзиниот пат на европските интеграции
ИСТАНБУЛ (AA) – Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган во петок во Истанбул во текот на обраќањето на ифтарската програма со Здружение на стопанственици истакна дека одлуката на Британија да ја напушти Европската унија (ЕУ) е почеток на нова ера за таа земја, но и за Унијата, јавува Anadolu Agency (AA).
„Како приврзаници на политичкиот систем кој длабоко ја почитува националната волја и демократија му посакувам се најдобро на британскиот народ што се о однесува до резултатите на референдумот. Како и повеќето во светот, и ние очекувавме дека резултатот ќе биде ‘за останување’, но на крај сепак се случи ова. Мислам дека одлуката која ја донесе британскиот народ е почеток на една нова ера за Велика Британија, но и за ЕУ”, рече турскиот претседател.
Објасни дека во ЕУ, како што рече, со години ја замајувале и Турција на нејзиниот пат на европските интеграции.
„Придававме значење на Европската унија и работевме напорно на тој пат, но секогаш не замајувавте. Последниот пример е нечовечкиот и нехуманиот став во врска со бегалците кој во значителна мерка покрена расправи за самата доследност на ЕУ. Со пораст на расистичките и исламофобичните тенденции во Европа никој не може да тврди дека Европа не е исламофобична. Јас јасно велам: ова што сега и се прави на Турција сигурно е исламофобија и токму затоа и доцнат да не прифатат во таа заедница”, рече претседателот Ердоган.
На крајот истакна дека и во САД моментално постојат одредени личности на политичката сцена кои не ги прифаќаат муслиманите во таа земја.
„Во Америка денес имамо иста ситуација. Еден од претседателските кандидати насрна на муслиманите и ги раскарува на некој начин. Обама застана на страната на муслиманите и рече дека луѓето не можат да се делат на основа на религијата, додека еден кандидат за претседател порачува дека не поднесува муслиманите да живеат во Америка”, рече Ердоган.
AA.COM.TR