Владата денеска на седница донесе одлука да му предложи на Собранието на Република Северна Македонија да предложи вонредна состојба.
Ова денеска го информираше на прес-конференција премиерот Оливер Спасовски, кој истакна дека исклучително сериозната ситуација, пред која се исправени граѓаните, поради заканите по здравјето од коронавирусот, но и врз економијата наложува вонредни мерки.
https://www.facebook.com/VladaMK/videos/192994672146739/
-“Ова е вонредна ситуација и затоа е потребна вонредна состојба. Владата нема дилема и затоа на денешната седница донесовме одука за воведување вонредна состојба на територијата на целата држава сега и веднаш”, рече Спасовски.
-“Ништо веќе не е исто. Животот радикално се промени како кај нас, така и во целиот свет. Потребно е секој да се приспособи, истакна Спасовски, додавајќи дека само со вонредна состојба Владата ќе може непречено да делува во борба против вирусот” – изјави премиерот Спасовски.