Одлуки на Владата заради спречување, ширење и справување со коронавирусот

Сподели

 

На 22. седница на Владата на РС Македонија утврдени се дополнителни мерки и активности за спречување на внесување, превенција и ширење на коронавирус COVID-19 го разгледа Записникот од Третиот состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на коронавирус COVID-19, одржан на 18 март 2020 година, го усвои Записникот и притоа ги донесе следниве заклучоци:

1. Се задолжува Министерството за надворешни работи и Министерството за здравство, да ги споделат сите информации, списоци, листи на наши државјани кои се затечени на граничните премини надвор од Република Северна Македонија, а во моментов организирано или поединечно се упатуваат/враќаат од овие држави кон Република Северна Македонија.

2. Се задолжува Министерството за внатрешни работи на секое лице кое ги напушта границите на Република Северна Македонија, да му даде да потпише лична изјава со која ќе се обврзе во наредните три месеци да не се врати назад во Република Северна Македонија.

За оваа цел, се задолжува Министерството за надворешни работи да подготви терк на изјава.

Исклучок од ова се возачите на товарните моторни возила кои секојдневно преминуваат граничен премин од и во Република Северна Македонија или граѓани кои ги напуштаат границите поради здравствени причини или лекување во странство.

3. Сите производствени капацитети на подрачјата на општините Дебар и Центар Жупа на кои постои кризна состојба, да го организираат својот работен тек и процес, како и влез и излез во овие подрачја, согласно посебен режим и протоколите на Министерството за здравство, по примерот на фабриката Кнауф Радика АД.

4. Се задолжува Министерството за внатрешни работи и Царинската управа на Република Северна Македонија да стапат во контакт со АД Пошта на Северна Македонија, со цел да постапуваат согласно протоколите за превоз и транспорт за непречено спроведување на размена на пошта на меѓународниот поштенски сообраќај, потврдени со Министерството за здравство.

5. Се задолжува министерот за транспорт и врски, м-р Горан Сугарески, да стапи во контакт со директорот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, со цел да се реши проблемот со дозволите и протокот на премин на граничните премини во Република Северна Македонија за македонските возачи на товарните моторни возила.

6. Се задолжува Мила Царовска, заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија да преземе активности и координација помеѓу Министерството за економија, Царинска управа на Република Северна Македонија и стопанските комори, за да се разгледа можноста по предлогот на Министерството за здравство кој се однесува за сите медицински помагала и потрошниот медицински материјал кој се увезува во Република Северна Македонија за потребите за справување со моменталната ситуација, да се ослободат 100% од царинските давачки.

7. Се задолжува Министерството за внатрешни работи и Министерството за здравство согласно протоколите и проценките од стручните лица на Министерството за здравство да преземат соодветни мерки и активности кон лицата кои во текот на денешниот ден ќе слетаат на Меѓународниот Аеродром Скопје со чартер лет од Република Германија.

8. Се задолжува Министерството за внатрешни работи – ОВР Шуто Оризари да ги интензивира теренските контроли на територијата на општината во функција на спречување од организирање на групни собири.

9. Се задолжува Министерството за надворешни работи, преку дипломатско – конзуларните претставништва во Република Северна Македонија да направи проценка за тоа колку државјани на Република Северна Македонија се надвор од државата, а бараат да се вратат во државата и врз основа на оваа проценка да се оствари контакт со WizzAir, со цел преку чартер лет организирано да се вратат во Република Северна Македонија. Ова да биде последна преземена мерка од Владата на Република Северна Македонија кон државјаните кои се надвор од границите на Републиката.

10. Се задолжува Фондот за здравственото осигурување на Северна Македонија, да ги интензивира контролите и надзорите кон ординациите на матичните лекари, имајќи предвид дека има зголемена појава на затворање на овие ординации.

11. Се задолжува Министерството за здравство да стапи во контакт со приватните производствени капацитети кои имаат можност и доставено понуда до Министерството за здравство за производство на заштитни маски.

12. Се задолжува Министерството за здравство да стапи во контакт со приватните здравствени болници, со цел согласно нивните можности да се ослободат нивните здравствени капацитети за потребите на Министерството за здравство во спроведувањето со настанатата ситуација и преку соодветен правен инструмент (договор за соработка, меморандум и сл) да ги дефинираат начинот, условите, критериумите и обврските на двете страни.

13. На предлог на Царинската управа на Република Северна Македонија, се задолжува Агенцијата за храна и ветеринарство да отстапи две пумпи за потребите на Царинската управа на граничните премини.“