Согласно мерките и активностите за превенција од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус) донесени од Владата на Република Северна Македонија, Министерството за труд и социјална политика известува дека жртвите на семејно насилство кои имаат потреба од помош, поддршка и заштита од семејно насилство најпрво да се јават на Националната бесплатна мобилна СОС линија за жртви на семејно насилство 070/075/077 141 700; која обезбедува 24 часовна точна, навремена и доверлива информација за заштита на жртвите, достапните услуги и телефонско советување на жртвите на родово базирано насилство и семејно насилство.
Во случаи кога постои сознание за загрозување на животот и здравјето на граѓаните, како последица на родово базирано насилство и семејно насилство, како и кога дете е жртва на семејно насилство, да се пријави до најблиската Полициска станица или надлежниот Центар за социјална работа.
Линк за контакт на ЦСР: http://www.mtsp.gov.mk/institucii.nspx