МТСП: Национална бесплатна мобилна СОС линија за жртви на семејно насилство 070/075/077  141 700

Сподели

 

Согласно мерките и активностите за превенција од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус) донесени од Владата на Република Северна Македонија,  Министерството за труд и социјална политика  известува   дека жртвите  на семејно насилство кои имаат потреба од помош,  поддршка и заштита од семејно насилство најпрво да се јават на Националната бесплатна мобилна СОС линија за жртви на семејно насилство 070/075/077  141 700; која обезбедува 24 часовна точна, навремена и доверлива информација за заштита на жртвите, достапните услуги и телефонско советување на жртвите на родово базирано насилство и семејно насилство.

Во случаи  кога постои сознание за загрозување на животот и здравјето на граѓаните, како последица на родово базирано насилство и семејно насилство, како и кога дете е жртва на семејно насилство, да се пријави до најблиската Полициска станица или надлежниот Центар  за социјална работа.

Линк за контакт на ЦСР:  http://www.mtsp.gov.mk/institucii.nspx