Јавен повик за дизајнирање на прототип на велосипедски паркинг

Сподели

 

Центарот за иновации на Град Скопје – Скопје Лаб објавува повик за креативен и иновативен дизајн на велосипедски паркинг кој ќе се постави на локација во склоп на Транспортниот центар Скопје. Ваквиот дизајн ќе ги поттикне граѓаните да ги остават своите автомобили дома, и наместо нив, секогаш кога е можно да користат велосипеди.

Поставување на велосипедски паркинг во склоп на Транспортниот центар дополнително ќе придонесе кон поттикнување на интермодални патувања (велосипед, автобус, воз, итн.) и зајакнување на инфраструктурата за алтернативен транспорт. Затоа бидете креативни!

Повикот е отворен за сите (индивидуи, тимови и правни лица), а особено се поттикнуваат пријави од мултидисциплинарни тимови кои посебно ќе се вреднуваат, а кои што ќе достават финален продукт кој што вклучува:

– Дизајн на модул за велосипедски паркинг + опис на технички карактеристики/спецификации
– Дизајн на локацијата (вело пјацета) на која ќе се постави модул за велосипедскиот паркинг
– Предлог буџет за изведба

Наградени ќе бидат трите најдобри решенија: првонаграденото решение ќе добие 700 евра, второнаграденото 500 евра и третонаграденото 300 евра бруто сума. Избраното првонаградено решение останува во сопственост на Град Скопје.

Јавниот повик за дизајн на велосипедски паркинг е отворен до 30 март, а сите информации можете да ги погледнете на следната интернет врска – https://www.skopjelab.mk/velosipedski-parking/