Црвениот крст во 22 градови со мобилни тимови формирани за помош на граѓаните

Сподели

 

Црвениот крст на РСМ уште од појавата на корона вирусот во нашата држава е присутен помеѓу населението со превентивни активности како и помош и поддршка на најранливите категории на население.
Во 22 градови формирани се мобилни тимови кои се активни секој ден и чија задача е да вршат неопходна набавка на лекови, прехранбени производи и средства за лична хигиена и истите да ги достават до домовите на старите, изнемоштени лица кои живеат сами, хронично болните лица, до семејства со лица со посебни потреби, самохрани родители и други ранливи категории на граѓани. Мобилните тимови се составени од лица од тимовите за одговор при катастрофи и обучени лица за давање основна медицинска помош. Сервисната услуга што ја обезбедуваат мобилните тимови е бесплатна, а граѓаните треба да одвојат финансиски средства само за артиклите или лековите кои ќе треба да им се набават. Целта на оваа активност е да им се овозможи поддршка на лицата на која таа им е најнеопходна, со што тие нема да имаат потреба да ги напуштаат своите домови и на тој начин да се намали ризикот од инфицирање со вирусот Ковид-19 (корона вирус).
Реден број ООЦК/ЦКГС Број за контакт Временска рамка на функцуонирање
1 Битола 047 236 019 08 – 12:00
2 Делчево 033 412 010 09 – 13:00
3 Велес 078 254 729, 075 272 485, 075 247 637 08 – 18:00
4 Кавадарци 070 239 352 08:30 – 12:00
5 Кичево 045 225 324 08:30 – 12:00
6 Кочани 071 373 677 09 – 14:00
7 Крушево 071 379 920 08 – 12:00
8 Охрид 046 261 909, 070 315 309, 13 112 (скратениот телефонски број на
Планинската спасителна служба). 08 – 16:00
10 Свети Николе 032 443 171, 074 600 171 08 – 13:00
11 Струга 071 398 424 08 – 12:00
12 Струмица 071 345 901 10 – 12:00
13 Тетово 044 336 374 09 – 15:00
14 Штип 074 203 030 08 – 16:00
15 Црвен крст на град Скопје – Тим за бездомници 02 3096 227 08:30 –
12:30
16 Чаир 070 208 383, 02 2621 924 08:30 – 12:30
17 Карпош 071 349 230, 02 3068 806 08:30 – 12:30
18 Кисела Вода 071 349 225, 02 3211 417 08:30 – 12:30
19 Гази Баба 071 243 078, 02 2529 153 08:30 – 12:30
20 Центар 070 297 166, 02 3115 029 08:30 – 12:30
21. Kрива Палнка 078 303 060
22. Радовиш 072 277177

Во 9 градови отворени се линии за психосоцијална поддршка
Реден број ООЦК/ЦКГС Број за контакт Временска рамка на функцуонирање
1 Велес 076278178, 078317035 10 – 12:00 и 18 – 20:00
2 Кавадарци 075215947, 071338757 10 – 14:00 и 17 – 19:00
3 Свети Николе 078 456 414 17 – 20:00
4 Струмица 071 345 901 10 – 14:00
5 Штип 10 – 13:00
6 Црвен крст на град Скопје 075 352 246 – Стари лица
071 379 119 – Останати граѓани 09 – 13:00
7 Прилеп 048 424 710 10 – 14:00
8. Kрива Палнка 070 949 776
9. Ресен 047 452-575

Дополнително се врши дистрибуција на хуманитарна помош за бездомници и се спроведува кампања за подигање на свест преку дистрибуција на постери за промоција на хигиена и заштита од корона вирус
Сакаме да се заблагодариме на сите граѓани за довербата и сета поддршка која ја добиваме како и за интересот за вклучување во нашите активности во овие тешки времиња.