Денеска на Меѓународниот Аеродром Скопје министерот Чулев ја прими донацијата од Владата на Република Словенија за Министерството за внатрешни работи што се состои од 100 илјади маски и 100 илјади ракавици во вкупна вредност од 110 илјади евра.
“Имајќи го во предвид моментот во која таа доаѓа истата е од исклучително значење за нас. Во оваа прилика сакам пред се во мое, и во име на Министерството за внатрешни работи да се заблагодарам на словенечкиот премиер Јанез Јанша и нашите пријатели од Словенија. Секоја донација и секоја помош е исклучително важна и значајна за Министерството за внатрешни работи и истата ќе ги зајакне и поддржи нашите секојдневни напори за заштита на полициските службеници кои во рамки на своите работни обврски и задачи деноноќно се изложени на ризикот од зараза со корона вирусот”- истакна министерот Чулев.
Чест ми е што сме прва земја членка на Европската Унија и НАТО што дава билатерална донација за полициските службеници и задоволството од овој факт е навистина големо, истакна амбасадорот на Република Словенија Д-р Милан Јазбец.
Министерството за внатрешни работи останува посветено во процесот, првенствено за соодветна контрола на спроведување на мерките и одлуките кои се донесени од страна на Владата, а потоа и во обезбедување на соодветна заштитна опрема за своите вработени, се со цел соодветна превенција од пандемијата со која се соочуваме, – додаде министерот Чулев.