Спасовски: За Велигден, молитвите да си ги направиме дома во кругот на семејството

Сподели

 

“Секоја од одлуките која се носи е со цел да се помогне во заштита на здравјето и животот на граѓаните. Тие се тешки одлуки, коишто сите нас нè тангираат, коишто не нè оставаат мирни, но сепак одлуки коишто би дале најбрз можен ефект. Тоа го покажуваат сите анализи дека доколку не се донесеше една таква одлука ризикот многукратно се зголемува во ширење на вирусот.

Јас знам дека сега се моменти кога за ваков христијански празник луѓето имаат и духовна потреба да отидат во храмовите, но сега овој момент на зачувувањето на здравјето и животот на граѓаните и на спречувањето на ширењето на вирусот е исто така една голема одговорност којашто ја имаме сите пред нас.

Затоа, апелирам да ги почитуваме мерките, да немаме никакви собири, да овој голем христијански празник, да овој Велигден, го поминеме во кругот на нашите семејства. Честитките да си ги упатиме до нашите блиски преку телефоните. Секој од нас може своите молитви да си ги направи дома во кругот на семејството. Ова е моментот кога треба да покажеме и патриотизам и храброст, а храброст и патриотизам во овие услови е да се остане дома и да се почитуваат мерките на Владата” – упати порака до граѓаните, премиерот Оливер Спасовски.