Граѓаните ќе се казнуваат поради не носење на заштитна опрема

Сподели

 

Министерот за здравство Венко Филипче, на денешната седница на Влада, ќе предложи граѓаните кои не носат заштитна опрема надвор да се казнуваат. Казната ќе биде во висина од 20 евра.

Дел од граѓаните не ги почитуваа мерките за задолжително носење на маски на отворено кога не можат да држат растојание од два метри, се групираат незаштитени или пак неправилно ги носат маските.

„Под лична заштита на лицето се подразбира било каква форма на заштита која што ги покрива пределот на носот и устата (респираторна маска ФФП2 или повисок стандард, хируршка маска за еднократна употреба, текстилна маска за повеќекратна употреба, свилена марама или шал, памучна марама или шал, бандана и слично)“, пишува во Уредбата