МТСП: Пријави семејно насилство во центрите за социјална работа

Сподели

 

 

Во состојби на стрес и домашна изолација насилството може дополнително да ескалира. МТСП ја зголеми достапноста на сервисите за жртвите од насилство низ земјата. Потенцијалните жртви можат да се обратат за помош во центрите за социјална работа и воспоставените сервиси

http://mtsp.gov.mk/ns_article-prijavi-semejno-nasisltvo.nspx  и на бесплатните телефонски СОС линии 070/075/077  141 700

Никој не треба да се чувствува дека е оставен сам на себе.

МТСП и останатите институции координирано постапуваат и преземаат конкретни мерки за заштита на жртвите согласно  законските надлежности за итно и должно постапување и за време на полициски час. Стручните лица од центрите за социјална работа имаат дозвола за непречено движење и за време на полициски час, со цел жртвите да ја добијат потребната заштита и поддршка.

Сите кои сакаат да пријават насилство тоа треба да го сторат и за тоа не им е потребна посебна дозвола. Тие непречено можат да се движат до најблиската полициска станица.

Ги охрабруваме сите жени кои се соочуваат со каква било форма на семејно насилство или насилство од својот партнер да пријават на 192, СОС линиите, во центрите за социјална работа или најблиската полициска станица. Институциите даваат највисок приоритет на пријавите на семејно насилство и ги превземаат сите мерки за заштита на жртвите – се наведува во соопштението на МТСП.