Во завршна фаза е уредувањето на новиот парк во Кисела Вода

Сподели

 

Во завршна фаза е уредувањето на новиот парк во Кисела Вода, лоциран меѓу улицата Лазар Димитров и железничката пруга, позади бараките во населбата 11 Октомври. Овој простор, кој е во непосредна близина на центарот на нашиот град, со децении беше запуштен и на истиот се создаваа поголем број на депонии со шут и отпад.

 

 

Изминатиов период екипите на Град Скопје работеа на расчистување на просторот и рамнење на теренот, каде беше посадено нова трева, а во наредниот период следува и садење на планираното зеленило.

 

На новиот парк, што е на површина од околу 16.000 квадратни метри, во текот на есенската акција за садење ќе се засадат над 150 листопадни и 240 зимзелени садници, како и околу 400 украсни грмушки.

 

Град Скопје продолжува со уредување на местата кои претходно биле диви депонии сега да прераснуваат во мали зелени оази со цел поздрава и поубава животна средина за сите граѓани.