Официјален почеток на кампањата за предвремените Парламентарни избори 2020

Сподели

 

Денеска и официјално започнува кампањата за предвремените парламентарни избори во Северна Македонија. За првпат во досегашната изборна практика таа ќе се реализира во поинакви услови.

На овие избори учествуваат четири коалиции и 11 партии, а гласањето ќе се одвива три дена. На 13-ти јули ќе гласаат заразените со Ковид-19 кои се лекуваат дома и лицата на кои им е одредена мерка самоизолација. На 14-ти јули ќе гласаат изнемоштените и болни лица, а сите останати на главниот изборен ден 15-ти јули, кога гласањето ќе трае во продолжен рок – од 7 до 21 часот.

  • Социјалдемократите  ќе ја започнат својата кампања под слоганот “Можеме” во градскиот парк во Струмица каде ќе се обрати  претседателот на оваа партија, Зоран Заев. По неговата изјава за медиумите  во 19 часот во амфитеатарот на градскиот парк во Струмица  ќе се одржи  граѓанска трибина.
  • ВМРО ДПМНЕ изборната кампања ја стартува под слоганот “Обнова”. На првиот ден од нивната кампања претседателот на оваа партија Христијан Мицковски ќе одржи средба со граѓани во Охрид.
  • ДУИ тргнува од Преспа. Оваа партија најави дека на својата промотивна конвенција во автокампот Крани ќе го соопшти името на нивниот кандидат за премиер.
  • Алијанса за Албанците и ДПА своите изборни кампањи ги стартуваат во Тетово.
  • На изборите за првпат настапува движењето Македонски концпет предводено од реформското крило на ВМРО ДПМНЕ, Петар Богојевски. Ова движење кампањата ја започнува од пред зградата на ЕУ Инфо центарот во Скопје.

Денот на избори, 15 јули е прогласен за неработен и гласањето е продолжено за два часа односно ќе трае од 7 до 21 часот.