“По објавувањето на последниве аудио бомби мислам дека на сите нам ни стана јасно што правеле и што прават лидерите и раководставата на овие партии. Едниот добивал пари за спас на партијата, а за возврат го рушел СЈО и се обидувал да влијае на текот на кривичната постапка која се води за бизнисменот финансиер и за останатите учесници. Другиот постојано ги рекетарел сите оние што имале потреба да им се заврши некоја работа и со пари добиени од корупција работел на промена на името односно на успех на референдумот, кој за срека беше неуспешен.
И наместо членството и јавноста да ги осудат и да побараат нивна оставка и одговорност тие и понатаму бесрамно излегуваат пред граѓаните и уште пожестоко замајуваат и манипулираат, И едниот и другиот веќе знаат што ги чека доколку не дојдат или не останат на власт. Зa да трагедијата биде поголема од надлежните инститиции молк. Тие се и слепи и глуви на овие аудио бомби.
Што уште овие две-три партии треба да направат за да конечно се свести гласачот и истите да ги казни?
За жал со помош на дискриминирачкиот и недемократски Изборен Законик кој е на штета на сите останати партии (парламентарни и непарламнетарни) и им овозможува на СДССМ и ДПСМНЕ мултипартизмот да го сведат на двоиполпартизам и понатаму да се менуваат на власт, да глумат крвни непријатели. а во суштина и пракса мегусебно да се амнестирааат.
Но без разлика на се ние нема да се жалиме од причина што сме сигурни дека на граѓаните им е јасно е.
Во нашата програма имаме стратешки определби (враќање на името, поништување на Преспанскиот договор, Преиспитување на Договорот со Бугарија, Законот за двојазичност и др), среднорочни и краткорочи планови и акции и задачи.
Ние сакаме да бидеме народни пратеници, а не политички платеници и извршители на желбите на лидерите на политичките партии. На државата не и требаат слепи и послушни пратеници кои само ке стискаат зелено и црвено копче согласно директивите кои ги добиваат од партииите.
Затоа како ностител за ИЕ 2 сакам јавно да соопштам дека за разлика од досегашниве собраниски платеници (извршители), избраните народни пратеници од нашата Коалиција ќе имаат слобода самостојно да одлучуваат и обврска максимално да соработуваат со органите на ЕЛС (Совет и Градоначалник) сé со цел како избрани народни пратеници да го подигнеме квалитетот на живеење во општините во кои сме избрани. Тоа значи пратениците да помагаат и соработуваат со локалните власти за реализација и помош од државата за сите локални проекти за кои е потреба помош од централната власт.
Во таа смисла не ке можат повеќе ресорните министерства (како на пример: Мин за транспорт и врски, за образование, за здравство, за култура, труд и социјална и другите) да го прават буџетот без претходно да се конулстираат со пратенциите од оваа ИЕ за приоритетите на општините од кои доаѓаме и од кои сме избрани.
Значи ние ќе бидеме тие кои ке ја пристискаме централната власт секоја година да дава што е можно повеке пари за инфраструктирни проеки кои ке ги реализира општината. Не можеме и по поминати 50 години уште да возиме по калдарма по регионалниот пат кој ги поврзува општините Бутел, Чучер Сандево и Шуто Оризари или во третата деката на 21 век граѓаните на Шут Оризари да живеат во субстандардни услови.
Ова истото се однесува и на останатите општини во составот на оваа ИЕ.
За висината на наменската и капитална дотација, од буџетот на државата не ке смеат сами и од ракав да одлучуваат министерствата и фонодовите. туку заеднички со пратеникот(ците) од ИЕ и општината. Како и блок дотацијата без учество и знаење на пратеникот од ИЕ на која и припаѓа општината.
Други краткорочните (експресни) планови, задачи и заложби доколку ја добиеме довербата на граѓаните на ИЕ 2 веднаш по конститутивната седница на Собранието на РМ ќе побараме:
- Да биде укинат имунитетот на пратениците и останати носители на јавни функции (освен за претседателот на државата).
- Ке се укинат патните трошоци на пратениците во висина на карта за аутобуска линија,
- Од она што го гледаме секојдневно имам чувство дека во ЈО се изнамножиле копии на ликот и делото на Катица Јанева, а тоа не смее да се толерира и ќе се стави крај на ,,умножувањето и на загадувањето на околината” на овие рушители на системот како и нивна материјална и кривична одговорност.
- Во рок од 6о дена од изборот отварање постапка за приспитување на работата на Судскиот совет и разрешување на сите оние кои се огрешиле и Советот на обвинители. Не може во нивните редови и понатаму да седат и одлучуваат персони за кои има поведено сериозна кривична постапка и кои се повикуваат на имунитет.
- Распуштање на Уставниот (политички) суд ќе ги замолиме сите за оставка, доколку не сакаат ке побараме парламентарно мнозинство за да ги разрешиме. Не смееме и понатаму да дозволиме за уставноста и законитоста да ни одлучуваат партиски поставени извршители. Сакаме Уставен суд составен од стаменити и стручни персони кои имаат знаење, капацитет и дигнитет, а не како досега партиски послушници кои реагираат на повик на оние кои ги предложиле и поставиле на функцијата.
- Гарантираме дека за најмногу од 60 дена од нашиот избор ќе ги изнесеме на површина сите нејасноти и нелогичности во најновиве афери на власта (Рекет 1 и 2 како и случајот Империја) и ќе бараме најстроги казни за сите инволвирани страни во. И дека ке ги казниме виновниците од власта кои му овозможија на поранешниот премиер да побегне од лицето на правдата.
- Ке побараме расчистување на случајот Диво насеље и проширување на истрагата и кон лицата кои придонеле да не се дознае вистината за овој случај, како и откривање на јавноста за причините за оставките на двете клучни личности во тој период.
- Укинување на функцијата заменик министер и потпретседател на Владата за спроведување на Рамковниот договор;
- Укинување на одредбите на Избирачкиот законик кои протежираат би(три)партизам наместо мултипартизам и секако укинување на одредбите кои се однесуваат на Техничка влада на 100 дена пред изборите
СРЕДНОРОЧНИТЕ ПЛАНОВИ ОД ПРОГРАМАТА СЕ ОДНЕСУВААТ НА РОК ОД 6 МЕСЕЦИ ОД ИЗБОРОТ
- Генерално прочистување на судството, обвинителството и полицијата (во смисла преиспитување на сите сомнителни судски пресуди во последниве 20 години, преиспитување на стручноста на судиите и обвинителите, преиспитување на потеклото на имот на судиите и обвинителите и нивниот кариерен напредок, одговорност на сите оние кои монтираа и извршуваа нарачан кривичен прогон);
- Експресно завршување на сите кривични постапки во една фер постапка, за да не застарат делата. А оние кои се застарени по вина на судиите или обвинителите истите ке сносат одговорност т.е ке бидат разрешени и ке бидат обвинети за злоупотреба или пак несовесно постапување во службата
- Приспитување на начинот на стекнување на имотот на сите оние кои биле на власт во последниве 20 години и конфискација на нелегално стекнатиот имот, –