Претседателот на Србија, Александар Вучиќ рече дека ќе воведат построги мерки за заштита за да се спречи ширењето на вирусот, но нема да се воведе полициски час.
“Јасно е дека собирот беше организиран”, кажа Вучиќ, од криминалното подземје, но и и од странскиот фактор.
Вучиќ ги повика сите луѓе во земјата да бидат одговорни и ги замоли да не излегуваат на вакви собири, не заради нешто друго, бидејќи не им се плашел, туку заради кризата од коронавирусот, која повторно има високи бројки на заразени и умрени. Тој, исто така, најави дека по препораки на епидемилозите, сепак, ке има заострување на мерките, посебно во Белград, но и призна дека можеби и нема да има полициски час, од петок до понеделник, како што вчера најави.
Премиерката Ана Брнабиќ и министерот за здравство Златибор Лончар утре ќе одржат состанок на кој ќе ги соопштат конечните мерки за петок, сабота и недела. Ќе има засилени мерки за Белград.