За претстојните парламентарни избори, во Државната изборна комисија (ДИК) до ноќеска на полноќ се пријавиле вкупно 697 болни од ковид-19 и лица во самоизолација. Тие ќе го остварат своето право на глас на 13 јули (понеделник). За гласање на претстојните избори се пријавиле и 9.020 немоќни лица и хронично болни, кои ќе гласаат на 14 јули (вторник).
Пријавувањето за гласање на лицата во домашен притвор завршува на 11 јули.
Лицата чии резултати ќе бидат позитивни од ковид-19 после 8 јули или ќе бидат ставени во самоизолација по овој датум, нема да може да се пријават за гласање и нема да можат да гласаат на овие избори, информираат од ДИК.
Исто така, сите лица болни од ковид-19 или оние што се наоѓаат во самоизолација, а не се пријавиле до вчера во ДИК, нема да можат да гласаат на претстојните парламентарни избори во земјава.