Најскап скандал во историјата на автоиндустријата

Сподели

volkswagen-emblem1

САН ФРАНЦИСКО (АА) – Германскиот производител на автомобили Фолксваген (Volkswagen – VW) ќе мора да плати рекордни 13,6 милијарди евра на сопствениците на Волксваген возила, за да ја подмири тужбата, соопштија медиумите во САД, пренесува Anadolu Agency (AA).

Спогодбата Фолксваген ќе го чини 4,5 милијарди евра повеќе од она што се зборуваше минатата недела. Воедно, тоа ќе биде најголема автомобилска програма за откуп во историјата на САД, како и најскап скандал во историјата на автоиндустријата. Спогодбата ќе биде регистрирана денеска во судот во Сан Франциско.

Минатата година, Агенцијата за заштита на животната средина објави дека возилата на Фолксваген се опремени со софтвер кој дава неточни податоци на тестот за емисија на гасови. Овој софтвер е застапен во неколку модели на Фолксваген со дизел мотори произведени во периодот од 2008 до 2015 година. Меѓу нив се наоѓаат и некои модели од Ауди и Порше, кои исто така се во сопственост на Фолксваген.

По скандалот, поднесени се 600 тужби против Фолксваген од страна на сопствениците на возила и министерството за правда на САД. Спогодбата, која ќе биде објавна во вторник, вклучува околу 500.000 сопствници на Фолксваген возила.

Сопствениците на возилата ќе добијат во просек околу 4.500 евра, додека некои околу 9.000 евра. Во согласнот со договорот со секој од сопствениците на возилата, Фолксваген ќе понуди откуп или поправка на моторот.

Од 13,6 милијарди евра, колку што ќе чини спогодбата, 2,45 милијарди евра се наменети за намалување на последиците по околината додека 1,8 милијарди евра за истражување на технологија за постигнување нулта стапка на емисија на гасови.