Велика Британија може да брои 120.000 починати од ковид-19 во вториот бран

Сподели

Велика Британија може да се соочи со втор, посмртоносен бран на ковид-19, оваа зима, а се предвидува дека во најлошото сценарио бројот на починати ќе достигне до 120.000 во текот на деветте месеци, истакнаа здравствените експерти.

– Бидејќи новиот коронавирус ќе се шири во зима кога луѓето поминуваат повеќе време заедно во затворен простор, вториот бран на пандемијата може да биде посериозен од првиот бран – изјави Стивен Холгејт, професор и коавтор на извештајот на Британската академија за медицински науки (АМС) .

Холгејт додаде дека ова не е предвидување, туку можност, а смртноста во текот на зимата би можела да биде повисока во вториот бран на ковид-19, но за да се избегне ризикот мора веднаш да преземеме мерки.

Од АМС истакнаа дека постои „висок степен на неизвесност“ за тоа како ќе се развива епидемијата на ковид-19 во Велика Британија, но „разумно сценарио во најлош случај“ може да биде кога репродуктивниот број или вредноста Р ќе се искачат на 1.7 од септември.

Во Велика Британија поради ефектите на новиот коронавирус, досега се потврдени 45.000 починати лица, најмногу во Европа. Вклучително со сомнителни случаи, починати се повеќе од 55.000 лица.

Извор: plusinfo.mk