“Мицкоски губи трети избори по ред и се уште одбива да се помири дека граѓаните сакаат да одат напред, а не да се враќаат назад.
Со лажни партиски агенди, како што е наводната промена на партискиот Статут Мицкоски неуспешно се обидува да го сокрие изборниот пораз.
Ниту Мицкоски може да ја демократизира ВМРО-ДПМНЕ, ниту може да добие мандат за состав на влада.
Мицкоски е поразен политичар, прочитана книга и од граѓаните, а се повеќе и од сопствените членови и поддржувачи.
Република Северна Македонија се ослободи, но ВМРО-ДПМНЕ се уште е заробена од инсталациите на Груевски.
Затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе си остане во опозиција, а на Мицкоски како шпицен аутсајдер не му останува ништо друго освен да бара помош од Будимпешта, за да остане барем уште малку на климавото столче во белата палата.
Граѓаните на фер и демократски избори, јасно и недвосмислено ги казнија политиките на Мицкоски, граѓаните дадоа црвен картон за сите кои се заглавени во матрицата на режимот на Груевски и тој факт не можат да го сокријат никакви лажни аплаузи во белата палата” – соопштуваат од СДСМ по заседавањето на Централниот Комитет на ВМРО.