СДСМ создава нова Влада ослободена од национализам

Сподели

 

СДСМ ги продолжува сериозните разговори за формирање стабилно парламентарно мнозинство и за владина коалиција со полн, четиригодишен, стабилен мандат.

На 15 јули граѓаните покажаа дека национализмот е поразен.

Во тек е процес на создавање нова Влада ослободен од каков било вид на национализам, Влада која уште повеќе ќе работи на унапредување на концептот едно општество за сите.

Новата Влада предводена од СДСМ ќе движи силно напред по патот на интеграција во ЕУ со целосно почитување на Договорот од Преспа, Договорот со Бугарија и Рамковниот договор.

Граѓаните преку својата избирачка волја тоа го побараа и тоа ќе го испорачаме во следниот четиригодишен мандат. Продолжуваме уште повеќе и уште подобро да работиме за граѓаните и државата – се наведува во соопштението на СДСМ.