Заев: Позицијата технички премиер се укинува, последните 100 дена владата ќе ја предводи премиер предложен од ДУИ

Сподели

 

Позицијата технички премиер се укинува, последните 100 дена од редовниот мандат владата ќе ја предводи премиер предложен од ДУИ за сите партии да бидат еднакви пред изборите, изјави Зоран Заев на денешната прес-конференција.

Се укинува Пржинскиот модел на техничка влада и се укинува и позицијата технички премиер 100 дена пред избори, изјави денеска претседателот на СДСМ Зоран Заев во одговор на новинарски прашања.

Ова според претседателот Заев ќе овозможи сите претседатели на партии, пред изборите да бидат во рамноправна ситуација.

„За сите политички партии на сто дена пред изборите, да бидат еднакви и рамноправни, и со претседатели кои ќе бидат единствено во политичките партии, на 100 дена пред истекот на мандатот на владата коалиционите партнери СДСМ и ДУИ, на предлог на ДУИ, ќе го постават премиерот, кој ќе ја води владата во последните 100 дена од редовниот мандат. Тоа е градење на доверба, на партнерство и тоа ќе ги осигура граѓаните. На крајот, имала Република Северна Македонија министер за внатрешни работи Албанец, министер за одбрана, претседател на Собрание, државата продолжува да биде сигурна, безбедна, напредна, успешна. Мене ми е голема чест што успеавме да постигнеме коалициски договор во којшто токму јас ја добивам честа да бидам претседател на идната македонска влада во полн четиригодишен мандат“ заклучи претседателот Заев.