Обезбедени 75 единици плазма за болните од ковид-19

Сподели

 

Досега се обезбедени 75 единици конвалесцентна плазма за третман на пациенти со коронавирус. Дарувањето плазма може да им помогне на оние кои во моментов се борат со ковид-19 и да спаси човечки животи. Само излекувани пациенти од коронавирусот можат да даруваат. Тие треба се пријават преку електронскиот формулар на веб-страницата на Институтот за трансфузиона медицина, изјави министерот за здравство, Венко Филипче.

Конвалесцентната плазма содржи антитела против овој вирус создадени од човечкиот организам за сузбивање на болеста. Тие создадени антитела се присутни во плазмата и истите со дарување на конвалесцентна плазма може да се користат во сузбивање на болеста во друго лице со ковид-19.

Кој и како може да дарува? https://bit.ly/30ufhA4

*** “Дарував крвна плазма затоа што сметам дека ја зголемуваме шансата и надежта да помогнеме на секој оној којшто се бори против ковид-19. На 22 јуни ми беше дијагностициран коронавирус и го прележав во период од две недели. Среќна сум бидејќи имав лесни симптоми. Со дарувањето на конвалесцентна плазма сакам да помогнам на тие кои во овој момент се борат со вирусот, а нивните симптоми се значително посилни. Ги охрабрувам сите кои се мислат дали да даруваат крвна плазма и воедно ги исполнуваат условите за тоа, да го сторат истото без двоумење. Постапката за проверка на присуство на антитела е брза, лесна, ефикасна и организирана, а чувството е прекрасно кога знаете дека можеби ќе помогнете некому во борбата против коронавирусот.“ – вели Билјана Чочовска (43), излекувана пациентка од ковид-19.