Во вторник, на 25 август 2020, со почеток во 19 часот, во Дом на културата „Кочо Рацин“ Скопје, ќе биде отворена изложбата на ликовниот уметник Дарко Аницин од Скопје. Изложбата е насловена „Предоживувања низ музика“.
Целта на овој автономен иновативен проект е преку мобилизирање на граѓаните/ките, од различни културни средини, да ги поттикне да размислуваат како уметноста влијае на нивните состојби. Истовремено ги спојува визуелните уметности, ликовната уметност поточно со музичката, создавајќи антистресен механизам за справување со притисокот на секојдневниот живот.
Исто така, целта се повикува на Националната стратегија за култура 2018-2020, да се создадат услови за негување на слободата и разноликоста на сите културни идентитети.
Проектот се состои од мобилизирање на публиката преку интерактивен конкурс каде граѓаните/ките праќаат на јавен повик свои музички нумери кои им помагаат да се ослободат од стресот.
Авторот прави избор на музички дела по кои тој создава акрилни дела кои ќе ги претстави на интерактивна изложба, каде ќе може да се слушаат песните избрани од јавниот конкурс и да се гледаат создадените дела.
Отворањето на изложбата ќе се одвива според протоколите за COVID 19.