Бројни европски лидери го осудија терористичкиот напад во Истанбул

Сподели

13495019_1740193226197967_6463965170729967469_n

ПАРИЗ (AA) – Бројни европски лидери по терористичкиот напад на аеродромот во Истанбул многу бргу реагираа преку социјалните мрежи, јавуваAnadolu Agency  (AA).

Генералниот секретар на Советот за Европа Тхорбјорн Јагланд истакна дека е со Турција и нејзиниот народ.

„Турција, една од нашите земји членки, повторно е погодена со кобен терористички напад. Во овие тешки моменти сме со вас”, напиша Јагланд на Твитер.

Германскиот шеф на дипломатијата Франк Валтер Штајнмаер наведе дека е шокиран со веста за нападот во Истанбул.

„Шокиран сум од вестите од Истнбул. Моите мисли се со луѓето во Турција”, порача Штајнмаер.

Министерот за надворешни работи на Франција Жан-Марк Ајраулт нагласи дека е шокиран и затекнат по терористичкиот напад на Меѓународниот аеродром во Истанбул.

Австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курц наведе дека во Истанбул се случи терористички напад.

„Страшен терористички напад на Меѓународниот аеродром Ататурк во Истанбул. Моите мисли се со семејствата и блиските жртви на нападот”, напиша Курц.

Премиерот на Белгија Чарлс Мишел порача дека неговите мисли се со семејствата на жртвите на нападот.

„Остро го осудувам овој одвратен напад и чинот на насилство”, нагласи Мишел.

Претседателката на Литванија Далиа Грибаускаите порача дека е со турскиот народ.

„На аеродромот во Истанбул се случи гнасен терористички напад. Заедно сме со турскиот народ”, наведе Грибаускаите.

Албанскиот министер за надворешни работи Дитмир Бушати остро го осуди терористичкиот напад во Истанбул.

Реагираше и Министерството за надворешни работи на Грција кое го осуди нападот.

„Огорчени сме и ужаснати поради терористичкиот напад во Истанбул. Ги поддржуваме нашите соседи и пријатели во борбата против тероризмот”, наведоа од Министерството за надворешни работи.

Потсетуваме, на истанбулскиот аеродром Ататурк вечерва одекнаa три експлозии, а на местото на настанот упатени се полициски и екипи на итна медицинска помош. Полициските хеликоптери исто така го надлетуваа просторот над ародромот во Истанбул каде се случи нападот.