Пратеници од БЕСА од денеска независни, но остануваат во коалицијата „Можеме“

Сподели

 

Пратениците Биљал Касами, Кастриот Реџепи, Фадил Зендели и Бастри Бајрами кои во Собранието влегоа како дел коалицијата „Можеме“ излегуваат од оваа пратеничкаа група и понатаму ќе дејствуваат како група пратеници на движењето Беса.

За ова и писмено го известиле претседателот на Собранието. Колаицијата со СДСМ останува, уверуваат од БЕСА. Причината за ваквиот потег ја објаснуваат во поголема ефективност во Собранието. Со тоа што нема да бидат потпишувани како коалиција „Можеме“, туку како Беса, ќе ја задржат препознатливоста и ќе имаат повеќе можности за учество во Собранието.