Да покажеме општествена одговорност штитејќи го своето здравје и на луѓето околу нас

Сподели

 

Во услови кога состојбата со коронавирусот во земјата е алармантна, бројот на заразени е троцифрен и континуирано расте насекаде низ државата од клучно значење е сите граѓани, без исклучок доследно да ги почитуваат мерките за заштита на здравјето и ковид протоколите.

На носењето заштитна маска, одржувањето дистанца и редовното миење и дезинфекција на рацете е додадено ограничување на работното време на сите угостителски објекти до 23 часот, освен на тие коишто вршат испорака, ограничување на капацитетот на патници во возилата на јавниот превоз на 50%.

Покрај овие мерки, Владата предводена од СДСМ ја прифати и препораката на Комисијата, државната и јавната администрација, општините и судовите да работа во смени, онлајн од дома или редуцирано со систем на ротации.

Овие мерки, како и претходниот пакет, кој предвидува носење маски на отворено, ограничување на групирање по 22 часот, како и ограничување на семејните собири. којшто е во собраниска процедура, се донесени по зголемениот број на нови случаи на инфицирани со коронавирусот.

По барање на опозицијата точката за Измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението од заразни болести, по скратена постапка, во Собранието, беше одложена.

Но, време за одложување нема. Пратениците треба да покажат одговорност и што поскоро едногласно да се изгласаат двата пакети на мерки со кои се штити здравјето на граѓаните.

Предлог-измените треба да се усвојат во најкус можен рок, бидејќи состојбата со вирусот е сериозна. Болничките капацитети забрзано се исполнуваат. Веќе се сместуваат пациенти во модуларната болница кај Инфективната клиника во Скопје.

Сите граѓани мора да покажеме општествена одговорност да го штитиме своето здравје и здравјето на луѓето околу нас.

Да ги почитуваме мерките. Секој еден од нас е важен во битката со коронавирусот – се наведува во денешното соопштение на СДСМ.