Мирослав Богдановски, пратеникот на ДОМ на својот фб профил реагираше на негативните реакции за јавната набавка на Собранието на 100 лаптопи. Тој изјави дека истите се купени преку донација од Швајцарија.
“Како пратеник сакам да реагирам на информацијата дека преку Собранието се набавени 100 лаптопи за пратениците што НЕ Е точно, туку истите се донација од амбасадата на Швајцарија за собраниските служби преку Програмата за парламентарна поддршка.
Во продолжение реакцијата на Националниот демократски институт.
“Националниот демократски институт, Институтот за демократија Социетас Цивилис и Центар за управување со промени – ЦУП / Center for Change Management за управување со промени, со поддршка од амбасадата на Швајцарија во Република Северна Македонија го поддржува Собранието на Република Северна Македонија преку Програмата за парламентарна поддршка”.
Со меѓупартиски консензус проектот обезбедува техничка и материјална помош, вклучувајќи и компјутери за собраниската служба, со цел обезбедување непрекината поддршка на пратениците, – изјави Богдановски.