– Постои систем на мобилизирање медицински персонал, како среден медицински персонал така и лекарски и специјалистички. Во моментот на помош се дојдени колеги од интернистичките гранки, и тоа е практично една екипа, еден тим кој работи и во клиничката зграда и во модуларната болница. Тоа е всушност една институција сега.
Во модуларната болница има 70 кревети и таа е целосно опремена за третман на пациентите со Ковид-19.
– Модуларната болница е целосно опремена. Има централен довод на кислород до секое легло и сето она што ни е потребно од опрема и што функционира на клиниката го има и во модуларната болница – потенцира д-р Стевановиќ.
Таа изјави дека поради динамиката на приеми и исписи, не може да се даде предвидување како ќе се полнат болничките капацитети, но она што можевме да го предвидиме и на што апелиравме и сѐ уште апелираме е придржувањето кон мерките како единствен начин за лична заштита и превенција од ширење на вирусот.
– Истите мерки важат насекаде во светот, многу се едноставни и лесни за практикување. Потребна е дисциплина, која сега ни е исклучително потребна. Држете дистанца, избегнувајте групирања, носете маска – потенцира д-р Стевановиќ.
https://www.facebook.com/filipce.venko/videos/837612563642031/
Таа изјави дека здравствените работници мора да ја издржат оваа битка.
– Едноставно мораме да издржиме, заради нас, заради вас, заради нашите и вашите семејства. Граѓаните мора да ни помогнат – потенцира директорката и апелираше до медиумите да испратат порака до јавноста за почитување на мерките.
Дополнително, таа апелираше и до инфицираните со Ковид-19 целосно да ги следат препораките на стручните лица, матичните лекари.
– Сите што имаат лесни симптоми да седат дома изолирани, со симптоматска и витаминска терапија. Да им помогнеме на оние што навистина имаат потреба од хоспитализација – потенцира д-р Стевановиќ.