Брзите тестови во Здравствен дом од денес бесплатни за граѓаните

Сподели

 

“Брзите тестови во Здравствен дом од денеска се бесплатни за граѓаните. Оваа установа, минатата недела набави 4 илјади брзи тестови, а цената изнесуваше 1000 денари. По добиената донација од 13 илјади тестови, ЗД договори со добавувачот да ги повлече претходно купените тестови и да се коритат само тестовите донирани од Министерството за здравство кои ќе бидат бесплатни за граѓаните. Лицата кои беа тестирани во текот на вчерашниот ден ќе бидат повикани и средствата ќе им бидат вратени – изјави министерот за здравство”, Венко Филипче.