ПАРИЗ (АА) – Најпознатата париска градба, Ајфеловата кула, вечерва ќе биде осветлена во боите на турското знаме, во чест на жртвите од терористичкиот напад на аеродромот во Истанбул, соопштија градските власти, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Со овој гест сакаме да истакнеме цврста поддршка од градот Париз на жртвите, на нивните најблиски и целиот турски народ”, изјави за медиумите заменикот градоначалникот на Париз, Бруно Жулијард.
Непосредно по нападот во вторник во кој загинаа 43 лица, градоначалничката на француската престолнина Ан Хилдаго, изјави дека „овој нов терористички напад, како и претходниот, со уништување на недолжни животи е насочен против самото човештво”.
„Би требало да не обедини и увери во нашите вредности со цел да се им спротиставиме на оние кои ги немаат”, порача Хилдаго, пренесуваат француските медиуми.