На вчерашната 18. седница, Владата заклучи да му препорача на Надзорниот одбор на Акционерско друштво за поштенски сообраќај „Пошта на Северна Македонија“ во државна сопственост – Скопје за член на Управниот одбор на АД „Пошта на Северна Македонија“ во државна сопственост – Скопје, да го избере Јани Макрадули, информираат од владината прес-служба.
Владата донесе Одлука за давање на претходна согласност на Управниот одбор на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) да го разреши Јован Деспотовски од должноста директор на Фондот за иновации и технолошки развој, на негово барање.
Владата ја прифати оставката на Александар Младеновски и го разреши од должноста директор на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони, на негово барање и го разреши Никола Шалваринов од должноста директор на Агенцијата за иселеништво. На денешната седница беа донесени и одлуки за именување на Слободан Близнаковски за директор на Агенцијата за иселеништво и Иљми Селами за в.д. заменик на директорот во Државниот завод за статистика.