ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Денска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. По котлините, особено претпладне во северниот дел од Повардарието ќе има појава на магла и ниска облачност. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми. Ќе дува слаб, а долж Повардарието повремено умерен јужен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а во Скопската и Полошката Котлина под 10 степени.

Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Магливо со ниска облачност кои околу пладне ќе се намалат.T= 9 °C, P= 989 hPa, U= 80 %, V= 2 m/s. Утринската температура ќе се спушти до нула, а дневната ќе достигне до 13 степени.

 

 

Ќе продолжи периодот на претежно стабилно и суво време со магла по котлините и сончево особено на планините. Ќе биде претежно тивко и без поголеми промени на температурата. Во петок попладне претежно во западните делови ќе има краткотрајно наоблачување и услови за слаб локален дожд.