Пред 76 години формирана е Националната библиотека „Св. Климент Охридски“

Сподели

 

На денешен ден, 23 ноември, е формирана Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“, поранешна „Народна и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“.
 
НУБ „Св. Климент Охридски“ или НУБСК – национална библиотека на Република Македонија и универзитетска библиотека на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, како водечки извор на материјали во истражната дејност, депозитна библиотека и еден од предводниците во дигитализацијата на книжното богатство на Македонија. Фондот со кој располага НУБСК брои над 3 милиони единици.
 
Библиотеката го носи името на големиот сесловенски просветител Свети Климент Охридски (840-916). Меѓу нејзините дејности се вбројува комплетирање и обработка на библиотечен материјал, библиографска дејност, информациска дејност, чување, заштита и конзервација на библиотечен материјал, образовна дејност и меѓународна соработка.
 
Библиотеката е формирана на 23 ноември 1944 г. со одлука на АСНОМ како „Народна библиотека“ и сместена во просториите на Централната библиотека на предвоениот Филозофски факултет во Скопје, основана во 1920 г. како прва универзитетска библиотека во Македонија.
 
Првичниот наследен фонд изнесувал околу 150 000 единици, а библиотеката имала 50 читателски места и дванаесет вработени.
 
 
 
                                      Димитар Кондовски
          Климент Охридски, 1956, масло, 130х97 см
 
 
               Ангеле Нацевски
 
Св. Климент, 1969, патиниран гипс, 50х20х15 см.
 
Сликите се дел од колекцијата на Националната галерија.