Лидија Тфирст Митревска од паричната награда од „4-Ноември“ донираше термометри за Битолската болница

Сподели

 

Добитничката на 4-то ноемвриската награда за едногодишни достигнувања, директорка на градинката ЈОУДГ „Естреја Овадија Мара“ во Битола, Лидија Тфирст Митревска финансиските средства ги искористи за купување на термометри кои ги донираше во ЈЗУ Клиничка болница Битола, објави апла.мк.

 

 

Меѓу петте овогодишни добитници на „4 ноември“ беше и Лидија Тфирст Митревска, поради нејзините достигнувања од областа на социјалната заштита, нејзината секојдневна љубов, труд и посветеност кон градинките.