ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Времето претпладне ќе биде значително облачно во северните и источните делови со повремени слаби врнежи на пониските места од дожд, на некои повисоки места од дожд и снег, а на планините снег.

На места се можни и краткотрајни врнежи од замрзнат дожд. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер со брзина над 60 км/час. Во текот на денот облачноста ќе се намалува.

Минималната температура ќе се движи во интервал од -3 до 5, а максималната од 2 до 10 степени.

 

 

Во Скопје претпладне ќе биде облачно со повремен слаб дожд, а на планините ќе има слаб снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 5 степени.