45. МОТ: “Премиера на Херои 4:33” во МКЦ

Сподели

 

МКЦ, 45. издание на МОТ 5.декември, Галериска театарска инсталација „Херои 4:33“

Галериска театарска инсталација, мултумедијален перформанс, премиерно на МОТ. Три простории, три инсталации, три сцени. Во секоја од трите по еден гледач. Секоја трае 4:33, колку што трае композицијата на Џон Кејџ.
 
Режисер/Director: Dean Damjanovski
Проектот „Херои 4:33“ претставува своевидна „инсталација“ во која, преку употребата на различни медиуми во три специфични простори, изолирани едни од други, ја истражуваме врската помеѓу „присуството/отсуството“ карактеристично за театарот како медиум. Гледачите, соодветно заштитени и водени еден по еден, како низ музеј, ќе бидат запознаени со нашите „експонати“, последните преживеани, пионерите на „новата реалност“. Стварноста што ќе биде претставена во секој од просторите, наликува на своевидна дистописка стварност, во која човештината отстапува пред сопствената опачина. Целото доживување, кое гледачот го има од инсталацијата, наликува на оние секунди пред почетокот на претставата, кога светлата во салонот ќе се изгаснат, а претставата сѐ уште не започнала, кога стварноста околу нас отсуствува, а сценската сѐ уште не се појавила. Просторот, костимите и музиката се во функција на доживувањето од овој меѓумомент на „присуство/отсуство“, кое трае нешто повеќе од 13 минути.