Пендаровски: Добивме понуда за членство во Европската економска заедница, но одбивме

Сподели

 

Претседателот на Северна Македонија на денешната конференција за Западен Балкан организирана од Пријателите на Европа, обелодени дека македонскиот државен врв добил понуда за членство во Европската економска заедница, понудата била одбиена затоа што нема друга алтернатива од полноправно членство во ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел.

-Некои од нас во регионот, можам да зборувам само за Северна Македонија, добивме понуда од многу високи функционери да станеме членка на Европската економска заедница, јас веднаш ја одбив оваа понуда затоа што овој тип на размислување е катастрофален на долг рок, изјави денеска на конференцијата претседателот Стево Пендаровски.

-Економската интеграција не е доволна ако не следува политичка интеграција, клучно е да одат тие паралелно, она што недостига во Брисел е практична заложба на ангажиран пристап со што ќе се докаже дека западниот Балкан е голем стратешки и геополитички приоритет, изјави македонскиот претседател.