Средба на министерот Спасовски со претставници на Групацијата за оружје при Стопанската комора

Сподели

 

Денеска во Министерството за внатрешни работи се одржа средба помеѓу министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и претседателот на Групацијата за оружје, екплозивни и опасни материи, пиротехнички средства и програма за воена и цивилна намена, Димитар Мангутов.

Претставниците на Групацијата побараа да се разгледа
можноста за предлог на нов Закон за оружје и Закон за експлозивни средства и пиротехника, во кој би биле  вклучени, како и нов софтвер за набавка и продажба на оружје и муниција.
 
Министерот Спасовски изрази добра волја и најави формирање на работна група во која ќе бидат вклучени преставници на Групацијата и од Ловечката федерација во изготвувањето на новиот Закон за оружје, како и  Законот  за екплозивни средства и пиротехника.