ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Времето денеска ќе биде претежно облачно, со повремени сончеви периоди и услови понекаде за појава на краткотраен дожд, на планините слаб снег. Ќе дува слаб до умерен, а од попладне долж Повардарието засилен северен ветер, кој ќе се задржи и во текот на ноќта.

Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 14 степени.

 

Времето и метеоролошки параметри за Скопје: претежно облачно со слаб до умерен, а од попладне повремено засилен северен ветер.

Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 7 часот (во л/м2): 1 Прилеп, Струмица, Дебар и помалку од 1 во Битола, Охрид, Претор, Берово, К.Паланка.