Комисијата за заразни болести со предлог – рестораните да работат до 18.часот

Сподели

 

 

Комисијата за заразни болести на денешниот состанок се согласија да достават препорака до Кризниот штаб и Владата, со која угостителските објекти од 18.декември до 21.јануари ќе работат до18 часот. 

Министерот за здравство, Венко Филипче по состанокот на Комисијата за заразни болести  го објави новиот пакет на рестриктивни мерки. 
 
 
 
 
Нашиот предлог кој ќе го препорачаме до Владата е во периодот од 18 декември до 21 јануари:
– Угостителиските објекти да се затвораат во 18 часот, наместо до 21 часот како што беше досега;
– Останува на сила забраната за собири на јавни места и се апелира до единиците за локална самоуправа да го засилат надзорот за почитување и спроведување на оваа мерка;
– Во престојниот период, Комисијата за заразни болести препорачува забрана за групирање по плоштади за дочек и прослава на Новата година, како и секаков вид на собири во периодот на празниците;
– Комисијата ќе достави и препорака за групирање во станови за престојните празници, односно укажува да се почитуваат препораките за собири во домови.
-На хотелите им се забранува работа на рестораните и баровите по 21 часот.
На сила е забраната за собири надвор на отворено на повеќе од четири лица, додека внатре во објектите на сила е препораката максималниот број на лица да е не повеќе од 30 проценти од капацитетот и сите лица да се со маски.
 
 
 
На денешната седница на Комисијата за заразни болести беа присутни и преставници на Независната угостителска комора.

 

denesmagazin.mk