Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Општина Центар потпишаа Меморандум за спроведување на проектот „Поддршка на институции и структури за младински политики“.
ОБСЕ ќе го поддржи зајакнувањето на капацитетите на Локалниот младински совет, како и на младинските структури. Со тоа ќе се придонесе за зголемување на младинското учество во донесувањето на одлуки на локално и на национално ниво. За таа цел ќе се спроведат две обуки.
Мисијата на ОБСЕ, за потребите на Канцеларијата за млади на Општина Центар, ќе донира и ИТ опрема и изработка на веб-страница за зголемување на информирањето на младите и подобар пристап до информации.
meta.mk