Запленети 100 килограми марихуана, тројца приведени

Сподели

 

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во соработка со Одделот за специјални полициски операции, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен  криминал .СВР Велес и СВР Скопје во текот на вчерашниот  ден (15.12.2020) по добиени оперативни сознанија односно претходно спроведена истрага во врска со камион во кој пред околу еден месец се транспортирала марихуана, а излетал на патот Скопје-Велес,  запленија околу 100 килограми марихуана и приведоа три лица.

 

 

На наплатната станица Сопот на автопатот „Пријателство“ од страна на полициски службеници биле преземени  мерки и активности да се запре возило „бмв“ со скопски регистерски ознаки управувано од  Ј.Б., а како сопатник бил неговиот брат С.Б. од село Горно Блаце, но  возачот не застанал и се обидел да избега, при што оштетил полициско возило и срушил метален столб на Јавното претпријатије за државни патишта. По дополнително преземени мерки, возилото е запрено и при тоа се лишени од слобода двете лица, а при извршениот преглед во возилото и во багажниот се пронајдени вреќи во кои имало околу 100 килограми марихуана. Исто така, приведен е и М.И. од Визбегово, кој имал задача да го обезбедува транспортот на дрогата како т.н. „чистач“. При претрес во домот на Ј.Б. е пронајдена една полуавтоматска пушка, за што исто така ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело по член 396 од КЗ.

 

 

Истрагата продолжува и се проширува и во координација со Основно Јавно обвинителството-Велес преземаме дополнителни мерки и активности за целосно расчистување на случајот и утврдување на инволвираност на други лица во вршење на кривичното дело, соопштуваат од МВР.