НаТочак: Неопходни се итни мерки за стимулирање на велосипедскиот и пешачкиот сообраќај во Скопје

Сподели
 
НаТочак спроведе анкета за превоз за време на корона и речиси 1/3 (28.5%) од испитаниците го промениле превозното средство за време на корона-кризата.
 
 
 
 
Анкетата покажува дека корона кризата дефинитивно повлече промена во транспортните навики на Скопјани, односно, 28.5% направиле промена како резултат на појавата на вирусот.
 
 
 
*Забележлива промена се случила кон активен транспорт (велосипед и пешачење = 33.7% +23.59% од сите кои промениле превоз), но и кон индивидуален автомобил (24.89% од сите кои промениле превоз).
*Промената од автобус кон велосипед и од споделен превоз кон велосипед е мотивирана од стравот од зараза со корона-вирусот (71% од случаите) и од потребата за физичка активност (14% од случаите).
*Промената од сопствен автомобил кон велосипед е двојно помотивирана од потребата за физичка активност (48.9%) отколку од стравот од зараза (24.49%).
*Промената од автобус кон автомобил речиси исклучиво е мотивирана од стравот од зараза со корона-вирусот (90.2% од случаите).
*Слично и промената од автобус кон пешачење е главно мотивирана од стравот од зараза (82% од случаите).
 
 
 
 
Интересен е фактот дека 60% од оние испитаници кои почнале да користат велосипед за време на кризата се од општините со некакви услови за велосипеди (Карпош и Аеродром), а од таму се помалку од половина од испитаниците (47%). Ова сосема јасно ги исцртува мерките против корона, но и против климатските промени, а за здрава животна средина кои мора да се преземат.
 
На отвореното прашање за тоа што е потребно за да се создадат услови за поголемо учество на велосипедот во градскиот сообраќај одговорија најголем број од испитаниците и за ова прашање може да се направи посебна опсежна анализа.
 
 
На овој график се издвоени некои од типичните одговори кои во еден или друг облик се повторуваат.
Велосипедска инфраструктура насекаде низ градот, не само по булеварите, продолжувања на патеката по текот на Вардар, безбедни услови за возење и паркирање велосипеди, поттикнување на промена на навиките…
 
Заклучокот од анкетата е деке се наопходни итни мерки во јавниот простор во насока на стимулирање на велосипедскиот и пешачкиот сообраќај во Скопје за што има поддршка од над 72% од граѓаните.
 
Локалните и државни власти мора ИТНО да делуваат и да го искористат намалениот моторен сообраќај во корона-кризата за похрабри мерки во јавниот простор бидејќи сите Скопјани, без разлика дали користат велосипед или не, се свесни за значењето на велосипедот, но и со право очекуваат подобри услови, пред сè инфраструктурни, безбедносни и културни.
Таквите мерки ќе помогнат да го избегнеме негативното сценарио со зголемување на автомобислкиот сообраќај после кризата, а ќе дадат поддршка на позитивното сценарио: да продолжи порастот на употребата на велосипедот и пешачењето.
 

Со тоа би биле на прав пат за остварување и на климатските цели и намалување на CO2 емисиите.
 
denesmagazin.mk